Македонскиот национален тим до 17 години денеска ја одигра втората контрола со Романија, која ја загуби со 2:1. На овој пораз влијаеше и лошото судење, особено досудениот пенал за Романците за 1:1.
Македонија имаше водство со кое се стекна во 31. Минута кога по одлично додавање на Назифи, погоди Елмас.
На 1:1 израмнија Романците од пенал во 77. Минута. Три минути подоцна Митров излезе сам пред голот, но чуварот на мрежата одлично реагираше.
До победата Романија стигна во 84. минута од средбата.
Македонија го играше мечот во следниот состав: Стојановиќ, Аризанковски, Стојилевски, Марковски, Таири, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Стојанов, Назифи, Елмас, Митров.
Уште играа: Здравковски, Јаневски, Маљиќи, Нухија, Сулејман, Тодоровски, Николовски, Манојлов.