РК Металург од денеска и официјално е со ново име во своите редови. Станува збор за турскиот интернационалец, Халил Озтурк. Игра на позицијата среден, но и лев бек, а со клубот од Автокоманда потпиша на две години.
Тој доаѓа од екипата на Спорт Тото, и за него Металург е прво интернационално искуство.
“Среќен сум и возбуден што доаѓам во голем клуб како Металург. Ова е чекор напред во мојата кариера. Посебно ме радува одличниот прием на тренерот и моите соиграчи. Ветувам дека ќе го оправдам мојот ангажман“ рече покрај другото Озтурк за клупскиот сајт на Металург.
Инаку тој е осмото засилување за Металург во овој летен преоден рок.