Ромелу Лукаку се премисли, па сега сака да се врати во Челзи. Како што објави „Калочомеркато“, лондончани се исклучително сериозни и подготвени да борат до крај за да го вратат Белгиецот во својот тим.
Нов директен контакт меѓу „сините“ и „нероаѕурите“ е закажан за денес, на кој преставничката на англискиот клуб Марина Грановскаја е подготвена да го пробие ѕидот на „непопустливост“ кај Интер со директна понуда од 120 милиони евра, пишува и „Газета дело Спорт“.
Интер чека, ги оценува сите аспекти на многу деликатните преговори за финансиската и техничката иднина на тимот. Но, ако сумата од Челзи навистина дојде до 130 милиони, Интер практично нема да се мисли и ќе му дозволи на Лукаку да си замине.