Американките го „грабнаа“ златото во одбојка на песок

97

Американките Ејприл Рос (39) и Аликс Клинеман (31) дојдоа до олимпиското злато на натпреварите во одбојка на песок на ЛОИ во Токио. Тие во финалето ги победија Австралијките Маријафе Артачо и Талику Кленси со 2-0 (21-15, 21-16).

Рос ја комплетираше својата колекција на олимписки медали со триумф во Токио, откако освои сребро во Лондон во 2012 година и бронзен медал во Рио во 2016 година.

Бронзените медали ги освоија Швајцарките Анук Верге-Депре и Јоана Хајдрих, кои ги победија Летонките Анастасија Кравченок и Тина Граудина со 2-0 (21-19, 21-15) во малото финале.

ПретходноМеси веќе имал разговор со Покетино, но и Манчестер Сити е во игра
СледноОдбојкарите завршуваат во Маврово, следната недела две контроли со Србија