Конференциска лига: Од еден дожд им се излупија броевите на дресовите, па ги пишуваа со маркер!? (ФОТО)

1439

Руски Рубин синоќа на гостувањето кај Раков во Полска во меч од 3. квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА имаше голем проблем со опремата. Имено поради обилниот дожд уште во првото полувреме печатениот дел на дресовите на играчите на рускиот тим почна да се лупи, па до почетокот на второто полувреме некои играчи практично останаа без броеви.

За да се спаси, што може да се спаси, броевите на дресовите беа пишувани рачно – со маркер!? По мечот, од клубот истакнаа дека очигледен беше проблемот.

„Имавме проблеми со апликацијата на опремата на некои играчи, додека голем број играчи беа во ред. Сега е тешко да се каже зошто се случи ова. Можеби поентата е лошо завршената работа на оние кои се одговорни за апликацијата. Секако дека ќе ги испитаме причините“, изјавиле од клубот.

ПретходноЕриксен решен да игра фудбал, објави и за колку време ќе се врати на терените
СледноГрција е изненадувачки прв финалист на олимпискиот ватерполо турнир