Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во Маврово одиграа уште една пријателска средба како подготовка за новата сезона. Тие одиграа меѓусебе, односно против вториот тим на Еурофарм Пелистер и победија со 32-22. Ова беше нивни втор меч меѓусебе и втора победа за првотимците на битолскиот ракометен клуб.
Сепак и покрај се и ваквата контрола му послужи на стратегот Жељко Бабиќ да има увид во моменталната форма на својата екипа.
Утре битолчани се среќаваат со екипата на Металург.