СКАНДАЛ: Антиќ го избркал Пеце од трибини

10654

Скандалозно, срамно и непосртско однесување на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ.

На еден од пријателските натпревари меѓу Македонија и Црна Гора во СЦ “Јане Сандански” дошол и некогашниот претседател на нашата “куќа на кошарката” Петар Наумоски.

Легендарниот кошаркар кој сакал да им даде поддршка на момците не минал добро, веднаш бил избркан од Антиќ, не дозволувајќи му како некогашен играч и прв човек на КФСМ да го изгледа мечот. Секако не директно, туку индиректно, преку свој посредник.

Иако Пеце бил запрепастен од однесувањето на Антиќ сепак реагирал на нивото кое му доликува, без да се буни или пак да прави скандали ја напуштил салата.

Оваа постапка на Антиќ е чудна оти покрај него и Бали Саити имало и други тренери чии место не им е на трибините. “Клоца” од Антиќ добил и уште еден тренер.

Очигледно во кошарката почнаа да се делат луѓето и работниците на пријателите и непријатели.

Иако мечот беше затворен тип тоа не му дава право на никој да брка од трибини некогашен претседател. Интересно е што и тренерот на ракометниот клуб Вардар 1961 Веселин Вујовиќ бил на трибини ама него не го избркал.

Јасно е дека Перо и Пеце беа ривали на последното изборно Собрание и токму Антиќ го смени, но почит е нешто што секој лидер треба да ја има.

ПретходноФранцузинките одново во финале на ракометниот олимписки турнир
СледноНуров остана без репасаж, Кубанецот Перез изгуби во полуфиналето