Србија во драма ја совлада Шпанија и влезе во финалето на ватерполо турнирот

380

Репрезентацијата на Србија во драматичен меч ја совлада Шпанија во полуфиналето на ватерполо турнирот на ОИ во Токио. Србите славеа со 10-9 и се пласираа во големото финале во кое за златните медали ќе се борат со селекцијата на Грција која претходно направи изненадување совладувајќи ја Унгарија.

Шпанците имаа водство од 5-4 на полувреме, по три четвртини и 7-5, но во финишот Србите дадоа пет гола додека Шпанците само два. На 20 секунди до крајот при 9-9 Филип Филиповиќ постигна одличен гол за ГОЛЕМА победа за Србија.

ПретходноНачевски и Николов ќе го судат олимпиското финале во Токио!
СледноПотреси во Токио – Бразилка играла допингувана, исфрлена е од Игрите