Јакимовски го нема на подготовките на Лариса, клубот го губи трпението

781

Никола Јакимовски и натаму го нема на подготовките на тимот на Лариса за новата сезона. Клубот веќе почнува да го губи трпението.

Јакимовски на челниците на грчкиот тим им соопштил дека ќе доцни поради болест на неговиот татко во Италија. Меѓутоа откако од клубот му бил побаран доказ, тој не го приложил, пишува „Спортиме“.

Ситуацијата ја образложи сопственикот на клубот Алексис Кугијас. Тој напомена дека веќе нема да се чека и дека доколку не се појави во скоро време, ќе може да го напушти клубот.

ПретходноСе огласи Кејн: Утре се враќам на тренинг на Тотенхем
СледноМонако и Нант „отворија“ со „реми“ (ВИДЕО)