Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на ФИБА Челинџер турнирот во Скопје. Нашите надежи имаа шанса да ја прекинат победничката серија на Србија, но во завршницата од мечот не успеаја да дојдат до победата.
Одличната игра од првите три четвртини не донесе во егал на стартот на последниот период, но Србија одигра маестрална завршница и дојде до убедлива победа од 88:73.
Андреј Митревски постигна 22 поена и беше наш најдобар реализатор, додека Амар Хот со 12 поени и 14 скока исто така беше одличен.
Утре нашата репрезентација се среќава со Германија.