Американците го возвратија ударот и го одбранија олимпиското злато

584

Кошаркарската репрезентација на САД го сочува олимпискиот трон откако во финалето ја совлада Франција со 87-82. На тој начин Американците стигнаа до четвртото едноподруго олимписко злато после оние во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016 и вкупно 16-то во историјата на американската кошарка.

Селекцијата на Грег Попович успеа да им се реваншира на Французите за поразот во четвртфиналето на СП во Кина пред две години, како и за поразот во првото коло од групната фаза на ЛОИ во Токио. Франција не успеа да ја повтори играта од првото коло кога беа многу подобри од противникот, но сега селекцијата на Попович како да ја научи лекцијата и разбра дека ќе треба многу пот за да се стигне до златното одличје.

Американците имаа контрола на резултатот речиси на целиот меч. Во финишот на мечот имаа мали проблеми затоа што испуштија двоцифрената предност, а промашувањата на Нтиликина, Фурние и Батум ги остави Французите беа легендарен пресврт.

Кај Американците блескаше Кевин Дурент. Суперѕвездата на Бруклин постигна 29 поени, а во последните моменти од слободни фрлања беше ладнокрвен и ги постави конечните 87-82.

 

ПретходноУ-17: Македонија со пораз од Романија во лошо судење (видео)
СледноЕден-два победа на Кенија – Џепчирчир ја победи светската рекордерка во маратон