Одбојкарите на Аргентина ги освоија бронзените медали на Олимписките игри во Токио откако во мечот за третото место го совладаа големиот ривал и олимпискиот шампион од Рио 2016 Бразил со 3:2 во сетови (25:23, 20:25, 20:25, 25:17, 15:13). Така избраниците на Марсело Мендез им вратија на Бразилците за драматичниот пораз со 2:3 во групната фаза на Игрите во Токио.
Во финалето на машкиот одбојкарски турнир ќе играат Франција и Русија. Тој меч е закажан за 14:15 часот по средноевропско време.