Андреа Белоти одбил да го продолжи договорот со Торино, со што и официјално тој ќе ја смени средината.
Италијанецот ја одби можноста да се пресели во Санкт Петербург во тимот на Зенит, одбивајќи ја богатата понуда, и ќе остане во Италија.
Меѓутоа неговиот трансфер може да зависи и од Лукаку во Челзи. Така ако Лукаку замине, Белоти е во плановите и на Интер. А, доколку Аталанта го даде Запата на Интер, тогаш Белоти би можел да биде нов голгетер на Аталанта.
Исто така во опција се и Милан и Рома за неговите услуги.