Нема веќе дилеми. Лео Меси си замина од Барселона и е на пат кон Париз. Во секој момент се очекува тоа да биде и официјално потврдено.
Аргентинецот најави за утре точно на пладне прес – конференција на која и официјално ќе се прости од Барселона.
Инаку во утре во вечерните часови, на “Камп Ноу“ ќе се одигра пријателска средба меѓу Барселона и Јувентус. Фановите на Барса сакаат на достоен начин да се простат од својата икона, од најдобриот фудбалер во историјата на клубот.
Па така се очекува во негова чест, во 10.минута од оваа средба се да за застане, а потоа сите на стадионот и да почнат да ракоплескаат за Меси.
Според најавите ова би требало да биде пракса за сите натпревари во иднина, на кои Барса ќе биде домаќин.