Јанис Адетокумбо покажа дека има големо срце. Покрај тоа што е одличен кошаркар, тој е голем хуманитарец.
Неговата земја, Грција исто се соочува со големи пожари, а МВП веднаш се вклучи во акција. Тој згрижил околу 60 лица кои останале без своите домови, ги сместил во хотели.
Сите кои останале без покрив на главата се пожалиле на социјалните мрежи, а грчкиот ѕвер веднаш реагирал, ги згрижил во хотел, каде ќе останат се додека не се смири ситуацијата.