Готово е: Интер кажа „ДА“, Лукаку се враќа во Челзи за 115 милиони евра!

489

Готово е. Ромелу Лукаку го напушта шампионот на Италија и се враќа во Англија, се враќа во Челзи. Белгискиот напаѓач кој беше најдобар фудбалер на Интер во изминатите сезони едноставно мораше да биде продаден со цел клубот од Милано да се извади од финансиската “дупка“ во која се најде.

Челзи сепак успеа нешто да намали од цената, првично таа беше околу 130 милиони евра, сепак Интер кажал “ДА“ за “само“ 115 милиони.

Јасно е дека Томас Тухел и европскиот првак ќе имаат гол – машина во своите редови, а во наредните неколку дена би требало да следува и официјалната промоција на Лукако како старо – нов член на “сините“ од Лондон, во моментов најдобриот клуб во Европа.

ПретходноПријателска: Еурофарм Пелистер подобар од Металург во Маврово!
СледноШто ли беше темата: Перез, Лапорта и Ањели денеска имаа состанок во Барселона!