Еден-два победа на Кенија – Џепчирчир ја победи светската рекордерка во маратон

105

Перес Џепчирчир од Кенија е освојувачка на златниот медал на маратонската трка на ЛОИ во Токио. 27-годишната атлетичарка, светска шампионка во полумаратон, успеа да ја помине патеката од 42.195 километри за време од 2:27.20 часа.

За 16 секунди беше побрза од светската рекордерка во дисциплината и двојната победничка на маратонот од Лондон, Бригид Косгеј исто така од Кенија. Со бронза се закити Моли Сијдел од САД која заврши со заостанување од 26 секунди во однос на шампионката.

Двете Кенијки трчаа рамо до рамо речиси целата патека, а на километар и половина до крајот Џепчирчир забрза, а темпото не можеше да го следи Косгеј.

Светската шампионка Рут Чепгетич од Кенија не успеа да заврши. Таа изби на првото место на околу 15-тиот километар продолжи да биде прва уште 10-тина километри потоа почна да губи време и некаде на 30-тиот километар се откажа.

 

 

ПретходноАмериканците го возвратија ударот и го одбранија олимпиското злато
СледноСтојка Крстева и донесе злато на Бугарија во бокс