ЛОИ фудбал: Бразилците го одбранија златото

250

Бразил е победник на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, откако со 2:1 ја совладаа Шпанија дури по продолженијата.

Практично Бразилците го одбранија златото освоено пред пет години во Рио де Жанеиро.

Во регуларниот дел беше 1:1. При 0:0, Ричарлисон не реализираше пенал, а потоа Куња донесе водство за Бразил. Ојарзабал донесе израмнување во 61. минута, а потоа мечот влезе во продолженија.

Таму нововлезениот Малком погоди за конечни 2:1.

 

ПретходноЈунајтед го декласираше Евертон со 4:0
СледноЛажна дојава за бомба во хотелот на Баер Леверкузен