Мајами донесе засилување од шампионот Милвоки

128

Мајами денеска и официјално го објави потпишувањето на договорот со Пи_Џеј Такер. Искусниот 36-годишен кошаркар потпишал двегодишен договор вреден 15 милиони долари.

Според информациите, искусниот кошаркар кој одлично ги покрива позициите 3 и 4, има опција да го продолжи договорот на уште една година…

Пи-Џеј Такер оваа година стана шампион во НБА лигата во дресот на Милвоки Бакс. Во текот на сезоната, тој се пресели од Хјустон во Милвоки, но доби мала минутажа во шампионскиот тим на Бакс. Неговиот просек беше 3,7 поени и 3,9 скокови по натпревар.

ПретходноЈуниорите не успеаја да ја изненадат Србија
СледноБрутална доминација на Американките: Седмо злато во низа на Олимписките игри