ПМФЛ – 30.СЕЗОНА: Бесарт посакува и натаму да биде “крал на стрелците“!

379

Бесарт Ибраими, најдобриот фудбалер на Шкендија и веројатно во ПМФЛ наназад неколку години и натаму е “гладен“ за голови. Тој посакува и натаму да биде “крал на стрелците“. Од шест сезони минати во Шкендија, оваа ќе му биде седма, дури во четири наврати бил голгетер на лигата. Двапати не беше само поради тешката повреда на лигаментите кога мораше да паузира.

Бесарт досега, тука ги сметаме и неговите настапи во дресот на Влазерими, Напредок и Ренова, секако и Шкендија, досега успеал да постигне 171 првенствен гол во ПМФЛ. Биланс што го прави најдобар стрелец во Македонија во историјата. Баже Илиоски остана на тие 147 голови. Значи на Бесарт му се потребни уште 29 голови за да стигне до фамозната бројка од 200 голови во ПМФЛ.

Дали така ќе биде, останува да се види. Има играчи во останатите екипи кои би можеле исто така да постигнат многу голови, но само Бесарт Ибраими важи за “машина за голови“, и ако го одбегнат повредите тешко дека некој може да му го загрози приматот.

ПретходноШампионот на колена: Лестер со гол од пенал до првиот трофеј во Англија сезонава (ВИДЕО)
СледноЏими Батлер уште 4 години во Мајами за 184 милиони долари