Во самостојна Македонија досега се одиграа 29 сезони во ПМФЛ. Само 8 клубови успеале да дојдат до титулата – шампион на Македонија. Од тие осум дури три во новата сезона нема да бидат во елитата. Тоа се Вардар, Силекс и Победа. Сепак без разлика на се, Вардар уште долго, долго ќе биде нашиот најтрофеен клуб со вкупно 11 титули во самостојна Македонија. Само овој клуб има два “хетрика“. Од 1993 до 1996 и од 2015 до 2018 година кога трипати по ред бил шампион.
Историјата вели дека Работнички и Шкендија освојувале по четири титули. Работнички последен пат беше првак во сезоната 2013/14, а Шкендија е официјален првак. По трипати шампиони биле Силекс и Слога Ј (кој сега се вика Шкупи), двапати шампион беше Победа, а по еднаш Македонија ЃП и Ренова.
Во последните 15 години Скопје и Тетово си ги менувале титулите, така ќе биде веројатно и во новата сезона сезона, ако се знае дека Шкупи и Шкендија се големи фаворити.
Последен пат првак на Македонија бил тим кој не е од Скопје или Тетово, е Победа во таа далечна 2006/07 сезона.
Шампиони по сезона: 1992/93: ВАРДАР, 1993/94: ВАРДАР, 1994/95: ВАРДАР, 1995/96: СИЛЕКС, 1996/97: СИЛЕКС, 1997/98: СИЛЕКС, 1998/99: СЛОГА Ј (ШКУПИ), 1999/00: СЛОГА Ј (ШКУПИ), 2000/01: СЛОГА Ј (ШКУПИ), 2001/02: ВАРДАР, 2002/03: ВАРДАР, 2003/04: ПОБЕДА, 2004/05: РАБОТНИЧКИ, 2005/06: РАБОТНИЧКИ, 2006/07: ПОБЕДА, 2007/08: РАБОТНИЧКИ, 2008/09: МАКЕДОНИЈА ЃП, 2009/10: РЕНОВА, 2010/11: ШКЕНДИЈА, 2011/12: ВАРДАР, 2012/13: ВАРДАР, 2013/2014: РАБОТНИЧКИ, 2014/15: ВАРДАР, 2015/2016: ВАРДАР, 2016/2017: ВАРДАР, 2017/2018: ШКЕНДИЈА, 2018/19: ШКЕНДИЈА, 2019/20: ВАРДАР, 2020/21: ШКЕНДИЈА 2021/22: ????
ТАБЕЛА
11 – ВАРДАР
4 – РАБОТНИЧКИ, ШКЕНДИЈА
3 – СИЛЕКС, СЛОГА Ј (ШКУПИ)
2 – ПОБЕДА
1 – МАКЕДОНИЈА ЃП, РЕНОВА