ПМФЛ – 30.СЕЗОНА: Само Бруно странец, Ќато, Седло и Васоски важат за шампионски тренери!

1008

Во новата сезона во ПМФЛ, влегуваме со 12 екипи, со 12 тренери. И само еден ќе биде странец, а тоа е Бруно Акраповиќ од БиХ, стратегот на Шкендија. Тој по пауза од пет години се врати во Тетово и ја посакува својата прва шампионска титула со Шкендија во ПМФЛ.

Што се однесува до останатите тренери кои во следната сезона ќе ги водат своите екипи во ПМФЛ, само тројца важат за шампионски, кои освојувале пехари. Секако дека најтрофеен е Ќатип Османи, стратегот на Ренова, кој со Шкендија освои три пехари. Тука е Гоце Седлоски, стратегот на Шкупи кој со Вардар освои две титули и Александар Васоски, стратегот на Академија Пандев, кој исто со Вардар освои шампионски пехар.

Додека веќе споменатиот Бруно Акраповиќ (Шкендија) и Борче Христов (Борец), Марјан Секуловски (Брегалница), Александар Таневски (Македонија ЃП), Димитар Капинковски (Пелистер), Александар Влахо (Работнички), Љупчо Марковски (Скопје), Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) и Пане Блажевски (Тиквеш) се во очекување на своите први трофеи.

ПретходноШто ли беше темата: Перез, Лапорта и Ањели денеска имаа состанок во Барселона!
СледноАлександар Влахо: Првиот меч секогаш е тежок, респект за составот на Борец