Познати се групите и распоредот на 49-тото издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга, кој оваа година ќе се игра од 12 до 15 август, повторно на Женската плажа во Струга (ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“).
Оваа година турнирот ќе мине без странски тимови и ќе настапат шест екипи, сите од македонската Суперлига, кои ќе бидат поделени во две групи:
Група 1: РК Струга, РК Бутел Скопје и РК Вардар
Група 2: РК Металург, РК Тиквеш и РК Еурофарм Пелистер
Турнирот ќе се игра според следниот распоред:
12.08.2021 г.:
18.30 часот: РК Струга – РК Вардар
20.00 часот: Свечено отворање на турнирот
21.00 часот: РК Тиквеш – РК Металург (МРТ)
13.08.2021 г.:
19.00 часот: РК Бутел Скопје – РК Струга
21.00 часот: РК Еурофарм Пелистер – РК Металург (МРТ)
14.08.2021 г.:
19.00 часот: РК Тиквеш – РК Еурофарм Пелистер
21.00 часот: РК Вардар – РК Бутел Скопје (МРТ)
15.08.2021 г.:
17.15 часот: Натпревар за петтото место
19.15 часот: Натпревар за третото место
21.15 часот: Финале (МРТ)