Турчинката Бусеназ Сурменели го освои олимпиското злато во бокс во категоријата до 69 килограми на ЛОИ во Токио. Спортистката од Бурса во финалето успеа да ја совлада Кинеската Хонг Гу и стана првата која освоила злато за Турција во бокс.
Во другите категории во женска конкуренција, Бугарската Стојка Крстева е „златна“ во категоријата до 51 килограми.
Во машка конкуренција денеска медали освоија Бразилецот Хеберт Соуза по победата над Украинецот Кјижњак во категоријата до 75 кг и Британецот Галал Јафаи кој го победи Филипинецот Карло Палам во финалето во категоријата до 52 килограми.