Добра партија на Никола Серафимов во рамките на 2.коло во рамките на елитната лига на Унгарија. Македонскиот младински репрезентативец постигна убав гол за Залаегерсег во таа 69.минута, со што го израмни резултатот на 2:2 на гостувањето кај составот на Мезоковесд. Сепак на крајот домашниот состав победи со 3:2, а тимот на Македонецот остана во финишот со два играчи помалку поради црвени картони.
Инаку Серафимов беше стартер на овој меч за Залаегерсег и ги одигра сите 90 минути.
Вториот Македонец во тимот на Залаегерсег, Даниел Миловановиќ целиот меч го преседе на клупата.