Олимписката шампионка на трката на 10.000 метри што се одржа денеска во Токио, е вистинско чудо во атлетиката. Нејзиното име е Сифан Хасан и се натпреварува во дресот на Холандија.
Хасан за 9 дена вкупно на Олимпијадата истрча 24.500 метри и освои три медали. Две злата, на 10.000 и 5.000 метри и една бронза на 1.500 метри. Нејзината цел беше во Токио да дојде до три злата, но и вака не е лошо, напротив.
Инаку она трчаше во финалето на 10.000 метри, во квалификациите и во финалето на 5.000 метри, истрча и три трки на 1.500 метри, и се ова за само девет дена.
Секоја чест за Сифан Хасан.