Стадионот во Пехчево ставен на располагање на австриските пожарникари!

728

Раководството на Кит Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на пожарникарите од Австрија, кои се справуваат со катастрофалните пожари во источниот дел на Македонија. Клубот со ова ја докажува својата општествена одговорност, токму и затоа е одложен пријателскиот меч со Детонит кој требаше да се игра денеска во Пехчево.

Да кажеме дека токму во околината на Пехчево се води вистинска битка против огнената стихија, против која се справуваат и нашите пријатели од Австрија.

ПретходноВо жестока битка Данска победник во дисциплината медисон
СледноТажна слика: Навивачите ја „погребуваат“ Барселона