Бугарката Стојка Крстева е олимписка шампионка во бокс во категоријата до 51 килограми на ЛОИ во Токио. Европската шампионка од Софија 2018 и двојната светска вицешампионка Крстева во финалето со 5:0 во судиски гласови ја совлада фаворитката на турнирот, актуелната европска првенка Бусе Наз Чакроглу од Турција.
За Бугарија ова е второ олимписко злато во Токио по она на Ивет Горанова во карате и прво во историјата на женскиот бокс во Бугарија.
Инаку боксерката родена во Добрич го донесе вкупно петтиот златен медал за Бугарија во бокс, а претходните четири ги освојуваа мажи: Костадинов (Минхен 1972), Лесов (Москв 1980), Маринов (Сеул 1988) и Петров (Атланта 1996).