Странец ја доби капитенската лента во Битола

1591

Е.Пелистер во новата сезона ќе има нов капитен. Функцијата која лани ја извршуваше Градимир Чаневски, во новата сезона ќе му припадне на Јосип Периќ.

Босанецот во Битола дојде во 2020 година, се покажа како одлично засилување, па токму затоа ќе има голема одговорност. Негов заменик ќе биде Милорад Кукоски.

Е.Пелистер во рамките на подготовките одигра два меча против помладиот битолски тим, ги доби и двата, денеска во Маврово ќе се тестира против Металург.

ПретходноТажна слика: Навивачите ја „погребуваат“ Барселона
СледноМбапе донесе одлука, Меси пресуди