Струга Трим Лум ги промовираше новите дресови за новата сезона!

485

 

Во новата сезона во ПМФЛ со нови дресови. Ова важи и за Струга Трим Лум, еден од нашите најдобри клубови кој ова лето играше и на евросцената. Па така место „Адидас“, сега стружани се во спортскиот бренд “Макрон“. Секако дека убаво изгледаат дресовите кои беа промовирани од страна на Бојку, Скендери и Галевски веднаш покрај Црн Дрим.

Да споменеме дека  фудбалерите на Струга Трим Лум во рамките на првото коло во сезоната, која стартува утре, и гостуваат на Академија Пандев во Струмица. Оваа средба се игра од 20 часот под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“.

ПретходноЧака и Хебај под „лупата“ на Бруно!
СледноМакедонија ЃП го претстави новиот Бразилец во своите редови!