Франција со олимпиското злато во ракомет

200

Француската ракометна репрезентација го освои златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио, откако во финалето ја совладаа селекцијата на Данска со 25:23 во драматичен финиш на финалето.

Франција цело време беше во водство, на почетокот на вториот дел и со шест разлика, но упорните Данци стигнаа до гол разлика, па и до „егал“, но со поголема концетрација во финишот, на крајот славеа триумф.

Ремили со пет гола беше најефикасен кај Французите, додека за Данска не помогнаа ниту деветте гола на Микел Хансен.

ПретходноБелоти одби нов договор со Торино, четири тима заинтересирани
СледноЈунајтед го декласираше Евертон со 4:0