Глоир Антонио (24), играч за врска е најновото засилување во Пелистер во пресрет на новата сезона. Антонио неколку сезони има играно во бугарскиот шанпионат. Секако дека би требало да биде освежување во тимот на Димитар Капинковски во претстојната сезона која стартува утре.
Нов играч на битолчани е и Виктор Крстевски (21), кој дојде од Вардар каде во минатата сезона имаше повеќе настапи. Инаку Крстевски може да игра на неколку позиции во дефанзивата.