Цао „златен“ во скокови во вода, до медал стигна и британската легенда Дејли

104

Цао „златен“ во скокови во вода, до медал стигна и легендарниот Дејли

Кинезот Јуан Цао го освои златниот медал во скокови во вода на 10 метарската скокалница на ЛОИ во Токио. Сребрениот медал исто така патува во Кина затоа што го освои Јанг Јиан, а бронзениот медал го освои Британецот Томас Дејли.

За Дејли ова е фантастичен успех затоа што стигна до четвртиот едноподруго медал во скокови во вода. Освои бронза во Лондон 2012, во Рио 2016, а во Токио 2020 освои злато и бронза.

Цао освои 582.35 поени, а неговиот сонародник Јанг 580.40 поени. Дејли собра 548.25 поени.

За Цао ова е трет златен медал во кариерата, а прв на платформа на 10 метри. Претходните два му се во синхронизиран скок од 10 метри во Лондон 2012 и на 3 метарска скокалница во Рио 2016. Во Токио освои сребро во тандем со Ајсен Чен во синхронизирано на 10 метарска скокалница.

 

ПретходноАргентинците го победија вечниот ривал за „бронзата“ во одбојка
СледноПрво злато за Турција во бокс – го обезбеди Бусеназ Сурменели