Во очекување на потписот на Лео Меси, Маурисио Покетино и неговиот ПСЖ стартуваа со тешка победа на гостувањето кај Троја во премиерното коло од новото првенство во француската Лига 1.
Парижани славеа со 2:1 со пресврт кој го направија уште во првиот дел од мечот. Троја изненади со гол уште во 10. минута, по што следуваше силен притисок на ПСЖ и два гола во период од само две минути.
Во 19. минута со својот првенец Хакими израмни на 1:1, додека две минути подоцна погоди и Икарди за 2:1. На крајот излезе дека тоа е и конечниот резултат на мечот.