Чурлинов стрелец за Штутгарт во Купот на Германија! (ВИДЕО)

609

Дарко Чурлинов беше стрелец за Штутгарт, и тоа во меч од Купот на Германија против БФЦ Динамо. Неговиот тим на гости успеа да победи со 6:0 а македонскиот репрезентативец стрелаше во 88.минута и ги постави тие конечни 6:0 за својот тим. Инаку ова беше првото коло или 1/32 финале во Купот на Германија. Да споменеме дека Македонецот во игра влезе во 66.минута.

Се очекува во наредната сезона Чурлинов да “експлодира“ во дресот на Штутгарт, а од него во репрезентацијата очекува многу и новиот селектор Благоја Милевски.

 

ПретходноНеверојатно: Кина ќе ги казни олимпијците затоа што не освоиле повеќе од 100 медали!?
СледноПретстојната сезона ќе биде последна со две втори лиги, од 2022/23 ќе има само една ВМФЛ!