По вторпат во својата клупска историја, екипата на лестер го освои ФА Комјунити Шилд купот со кој традиционално се отвора новата сезона во англиската фудбалска елита. Денеска на „вембли“, „лисиците“ дојдоа до минимална победа од 1:0 над шампионот Манчестер Сити и успеаја да го повторат успехот од далечната 1971 година, кога единствен пат досега го освојуваа овој трофеј.
Голот за победа на Лестер го постигна Ихеначо во 89. минута од белата точка. Тоа беше одлучувачкиот момент на средбата во која и двата тима влегоа се уште далеку од вистинскиот натпреварувачки ритам. Пеп Гвардиола почна со неколку имиња кои веројатно оваа сезона најчесто ќе бидат на клупата за резерви, додека Роџерс нападна со скоро најдобриот тим кој го имаше на располагање.
Израмнетата битка до крајот донесе само еден пресуден момент за победа на „лисиците“. Манчестер Сити остана на 6 трофеи во ова натпреварување, од кој последниот го освои во 2019 година.