Што ли беше темата: Перез, Лапорта и Ањели денеска имаа состанок во Барселона!

654

И покрај сета бура околу Лео Меси, сепак првиот човек на Барселона, Хоан Лапорта мора да мисли и на други работи. Па така, според шанските медиумски инсајдери, тој им бил домаќин на Флорентино Перез и Андреа Ањели, челниците на Реал Мадрид и Јувентус. Можеме само да претпоставуваме што ли беше главната тема на овој состанок на врвот.

Секако дека за тоа што и како со Суперлигата. Нема дилеми.

Состанокот меѓу тројцата фудбалски моќници бил во ресторанот “Ботафумеиро“, а за тоа што се разговарале ниту еден од учесниците не сакал да даде свој коментар.

ПретходноГотово е: Интер кажа „ДА“, Лукаку се враќа во Челзи за 115 милиони евра!
СледноПМФЛ – 30.СЕЗОНА: Само Бруно странец, Ќато, Седло и Васоски важат за шампионски тренери!