Тотенхем го објави трансферот на одбранбениот фудбалер на Аталанта, Кристијан Ромеро кој стави потпис со клубот од „Вајт Харт Лејн“ на пет години. „Спарс“ платија 55 милиони евра на Аталанта за овој фудбалер.
23-годишниот Ромеро минатата сезона играше за Аталанта како позајмен фудбалер од Јувентус. Клубот од Бергамо го откупи неговиот договор за 16 милиони евра, за сега да го продаде за фантастични 55 милиони.
Минатата сезона аргентинскиот репрезентативец одигра 42 натпревари за тимот од Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А за 2020/21.
Ромеро дебитираше за Аргентина ова лето и беше првотимец на Копа Америка кој „гаучосите“ го освоија.