Белоти одби нов договор со Торино, четири тима заинтересирани

341

Андреа Белоти одбил да го продолжи договорот со Торино, со што и официјално тој ќе ја смени средината.

Италијанецот ја одби можноста да се пресели во Санкт Петербург во тимот на Зенит, одбивајќи ја богатата понуда, и ќе остане во Италија.

Меѓутоа неговиот трансфер може да зависи и од Лукаку во Челзи. Така ако Лукаку замине, Белоти е во плановите и на Интер. А, доколку Аталанта го даде Запата на Интер, тогаш Белоти би можел да биде нов голгетер на Аталанта.

Исто така во опција се и Милан и Рома за неговите услуги.

ПретходноДончиќ и другарите останаа без медал, Австралија со бронзата
СледноФранција со олимпиското злато во ракомет