Египет и Шпанија приредија вистинска ракометна претстава во битката за третото место на Олимписките Игри во Токио. Двете репрезентации дадоа одличен вовед на последниот ден од ракометниот турнир, на крајот бронзениот медал оди на градите на играчите на Шпанија кои славеа со 33-31.
Водството во првото полувреме постојано се менуваше, пред одморот, Шпанија дојде на плус три (15-18), позитива со која го заврши овој дел (16-19).
Избраниците на Роберто Гарсија Парондо не се предадоа, напротив, брзо се вратија, имаа одговор за „фуријата“. Шпанија на три минути до крајот успеа да дојде на плус два (28-30).
Алекс Душебаев и овој пат беше клучниот играч, постигна три важни гола и не дозволи поинаков крај на овој натпревар. На крајот зад своето име запиша пет гола, прв стрелец беше Гомез со 8 погодоци.
За Шпанија ова беше четврта бронза на олимписките игри.
ФОТО: RFEBalonmano