Во жестока битка Данска победник во дисциплината медисон

168

Данска на чело со Михаел Морков и Ласе Норман Хансен е освојувач на златните медали во велодромски велосипедизам на ЛОИ во Токио. Данците победија во категорија на издржливост медисон во драматична трка на патеката. Битката за првото место ја водеа Данска, Британија и Франција, додека на Белгија, Холандија, Шпанија и останатите им се даваа најмали шанси за успех. Американците излетаа од патеката некаде на половина, исто како и Германците и велосипедистите од Нов Зеланд.

Во еден момент Франција беше лидер, Данците втори додека Британците трети, сепак, како одминуваше финалето францускиот тим губеше поени, а Данците го засилија темпото.  Во финишот Данска изби на чело, Франција падна втора, а Британците уште беа на третото место но ја топеа предноста на второпласираните.

Данска стигна прва со 43 поени, Британците избија на второто место со 40 поени, а Французите го освоија третото место.

 

 

ПретходноБронзата за Шпанија, Душебаев го собори Парондо
СледноСтадионот во Пехчево ставен на располагање на австриските пожарникари!