Дебакл на Ајакс, ПСВ по 12. пат го освои холандскиот Суперкуп (ВИДЕО)

849

По пауза од 5 години, ПСВ повторно почнува со трофеј во новата сезона во Холандија. Вечерва во 25. издание на „Јохан Кројф Шилд“ натпреварот или популарно наречен Суперкуп, ПСВ направи големо изненадување декласирајќи го освојувачот на двојната круна од минатата сезона, Ајакс со убедливи 4:0.

Дека гостите се во далеку подобра натпреварувачка форма за што говорат и настапите во европските купови, покажаа воведните минути на средбата кога тимот од Ајндховен набрзина дојде до предност од два гола. Во 2 и 29 минута Мадуеке надвапати го погоди голот на Ајакс и на својот тим му донесе предност од 2:0.

 

До крајот на полувремето, Ајакс остана со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Таљафико. Во вториот дел ПСВ само ја потврди доминацијата со головите на Фертесен и Гетце.

 

За ПСВ ова беше 12-ти трофеј од Суперкупот на Холандија.

ПретходноХорхе Мартин утре тргнува прв на Шпилберг во Австрија
СледноПо финалето на ракометниот турнир во Токио, Начевски го развиори сонцето од Кутлеш (ФОТО)