Дончиќ и другарите останаа без медал, Австралија со бронзата

188

Селекцијата на Австралија им одржа лекција на Словенците во битката за бронзата на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Токио.

Дончиќ и другарите имаа одличен  турнир, меѓутоа останаа без медал. Изгубија по драмата со Франција во полуфиналето, а потоа доживеаја пораз од разиграната Австралија.

Австралијците подобро то отворија мечот, но имаа само минимална предност по првата четвртина. На одмор заминаа со 53:45.

Во вториот дел Австралија ја држеше предноста, а во четвртиот период Донќиќ се обиде да ги врати Словенците, но не успеаја, а Австралија отиде на двоцифрена предност, со што немаше враќање.

Милс уфрли неверојатни 42 поени, и беше најефикасен. Дончиќ заврши со 22 поени.

ПретходноОлимписки рекорд на трката на 1500 метри
СледноБелоти одби нов договор со Торино, четири тима заинтересирани