Фудбалерите на Баер Леверкузен имале непријатна случка за време на гостувањето во Лајпциг, во рамките од Купот и дуелот со Локомотив.
Нешто после полноќ ноќеска, хотелот примил дојава за бомба. Меѓутоа никој не бил евакуиран, а фудбалерите и стручниот штаб не знаеле ништо.
Полицијата направила проверка, и откако не пронашла ништо, започнала истрага за наоѓање на сторителот.
Натпреварот почна регуларно, односно немаше негово одложување.