Женската ватерполо репрезентација на САД се закити со олимписката титула откако во финалето ја победија селекцијата на Шпанија со 14:5. Американките доминираа на мечот, имаа силен старт со тоа што поведоа со 4:1, во втората четвртина Шпанките пружија посилен отпор (3:3), а веќе во третиот беше јасно кој ќе победи откако Американките направија серија од 5:0 и поведоа со 12:4. На крајот 14:5 за Америка и нов златен медал за оваа држава.
Всушност Американките трет пат по ред се најдобри во ватерполо затоа што се закитија со олимписките злата на Игрите во Лондон 2012 и во Рио 2016.
За Шпанките ова е второ сребро во историјата на ватерполо турнирите по среброто во Лондон 2012. Во Рио беа петтопласирани.
Бронзата им припадна на Унгарките кои во малото финале ја победија Русија со 11:9.