И тоа како ќе биде жешко во двете втори лиги во наредната сезона, посебно на западот со оглед на тоа дека таму ќе играат Вардар, Силекс, Воска, Тетекс. И поради фактот дека претстојната 2021/22 ќе биде последна со две втори лиги. Имено од наредната, онаа 2022/23 сезона ќе има само една ВМФЛ која ќе брои 16 клубови.
Па така во неа ќе се приклучат екипите кои ќе се пласираат од 2. до 6. место на табелата, првопласираните одат во ПМФЛ, плус оние екипи кои ќе испаднат од ПМФЛ. Генерално за таа лига ќе има место за 12 екипи од ПМФЛ и двете втори лиги.
Седмопласираните екипи од исток и запад ќе играат меѓу себе, победникот ќе оди во таа втора лига, додека поразениот ќе игра бараж со петте клубови победници во регионите. Од таму ќе добиеме три екипи победници и ете ја таа бројка од 16 клубови кои во сезоната 2022/23 ќе играат во единствената ВМФЛ.
На крај да кажеме дека може да дојде до мали измени или модификации. Имено се зависи од тоа што ќе направат во баражите за пласман во ПМФЛ оние екипи кои ќе бидат второпласирани од западот и истокот а кои ќе играат со деветтата и десеттата екипа од елитната лига. На крај да кажеме дека ждрепката за новата сезона во двете втори лиги ќе биде извршена на 10 август, по што ќе се знае распоредот за сезоната 2021/22 која стартува на 21 август.