Српските кошаркарки останаа без медал, бронзата е за Франција

94

Репрезентацијата на Франција излезе како голем залак за Србинките за бронзените медали на ЛОИ во Токио. Во финалето Французинките славеа победа иако во првата четвртина српските кошаркарки имаа предност од 23:19. Возвратија Французинките во втората четвртина со 24:17 па на полувреме заминаа со предност од три разлика (43:40).

Кошаркарките на Франција се одлепија резултатски во третиот период кој го добија со 24:16 и во финишот само рутински ја одработија задачата и победија со 91:76.

Натурализираната Србинка Ив Андерсон со 24 поени беше најефикасна на мечот притоа додаде и четири асистенции, додека кај Французинките најмногу поени реализира Габриела Вилијамс 17.

Ова е второ олимписко одличје за француската кошаркарска женска репрезентација. Во Рио беа четвртопласирани, а во Лондон 2012 беа сребрени. Петто место освоија на Игрите во Сиднеј 2000.

FOTO>FIBA | #Basketball #Tokyo2020

ПретходноПрво злато за Турција во бокс – го обезбеди Бусеназ Сурменели
СледноНeдопирливи – Американките трет пат по ред го освоија ватерполо турнирот на ОИ