Хорхе Мартин утре тргнува прв на Шпилберг во Австрија

291

Хорхе Мартин ќе тргне од стартната позицијата на утрешната трка за ГН на Австрија во МОТО ГП. Шпанецот имаше  најбрз круг од 1:22.994, оставајќи го зад себе Франческо Бањаја кој утре ќе стартува од второто стартно место. Трет ќе тргне Фабио Квартараро кој заостана 79 илјадити делови од секундата зад најдобриот денеска.

Џек Милер го зазеде четвртото место, Жоан Мир петтото, а Жоан Зарко шестото место. Во првите десет утре ќе тргнат и Алеш Еспаргаро, Марк Маркез, Маверик Вињалес и Такаки Накагами. Валентино Роси беше слаб и утре ќе почне од 17-тата позиција.

ПретходноГолем проблем: Македонија У16 се враќа од Србија, двајца позитивни на Ковид-19
СледноДебакл на Ајакс, ПСВ по 12. пат го освои холандскиот Суперкуп (ВИДЕО)