Шампионот Шкендија тргна со реми на дуелот со новакот во Првата македонска лига Тиквеш. Резултатот од мечот кој се одигра во Прилеп е 0:0, а фудбалерите на шампионот одново покажаа неефикасност. Новиот стратег Бруно Акраповиќ жали за тоа што е пропуштена шанса да се освојат три бода на стартот на новото првенство.
„Фудбалот се игра за голови. Денеска ние промашувавме сто процентни шанси и во првото и во второто полувреме. Затоа мораме да внимаваме и да работиме да ја поправиме ефикасноста“, изјави Акраповиќ.















