Рускиот шампион Зенит од Санкт Петербург ги засили своите редови со бразилски играч за врска за кого плати 15 милиони евра. 24-годишниот Клаудињо е новиот фудбалер на Зенит кој потпиша договор до јуни 2026 година, а доаѓа од тимот на РБ Брагантино, клуб кој е под капата на гигантот Ред Бул.
Клаудињо со олимписката репрезентација на Бразил го освои златото во Токио, а веднаш потоа Зенит објави дека тој е нивен нов фудбалер. Инаку Клаудињо пред РБ Брагантино играл за Понте Прета и Коринтијанс. Играл и за младинските тимови на Сантос.










